Минск и Москва во кавга а Помпео е во посета на Белорусија

Белорусија се обидува да најде алтернативен снабдувач на нафтени производи по спорот со својот традиционален партнер Русија.

Американскиот енергетски сектор е подготвен да ја снабдува Белорусија со нафта по најдобри цени изјави денес американскиот државен секретар Мајк Помпео во Минск каде допатува со тенденција да ги нормализира односите со тој традиционален сојузник на Русија. Не зборуваме за избор меѓу нас и Русија. Зборуваме за дипломатски односи. – рече Помпео.

САД и Европската унија се чести критичари на авторитарната власт и непочитување на човековите права под режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко кој е на власт од 1994 година и кого го нарекуваат “последниот диктатор во Европа”.

Целта на посетата е “да се нагласи нашиот ангажман кон суверена – независна и напредна Белорусија” и да се потврди нашата желба за “нормализирање на билатералните односи”. – рече Помпео кој пристигна во време на нарушена соработка меѓу Минск и Москва.

Но западните земји ги укинаа повеќето санкции против Белорусија откако Лукашенко ослободи политички затвореници и покажа толеранција кон политичката опозиција.

Односите на Запад со Белорусија се подобрија и по 2014 година кога Русија го анектираше украинскиот полуостров Крим а што Белорусија одби да го признае.


You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР