Новата австриска Влада го поддржува Западен Балкан во ЕУ

Новата австриска Влада на канцеларот Себастијан Курц бара јасна перспектива на пристапувањето во ЕУ за земјите од Западен Балкан и го поддржува дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Во програмата на Владата во делот кој се однесува на “проширување и надворешни работи на ЕУ” со напомена дека е неопходна заедничка надворешна политика “со единствен глас” се истакнува дека треба да бидат отворени пристапни преговори без одложување односно треба да напредува кога една земја ќе ги исполни одредените критериуми а размислувањата за нова методологија не смеат да го спречат тој процес.

Австрија како што се наведува се изјаснува за брз почеток на пристапни преговори со Северна Македонија и со Албанија.

Исто така се додава дека Австрија и понатаму активно ќе ги поддржува земјите од Западен Балкан на нивниот пат вклучувајќи го и решавањето на билатералните конфликти.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР