Откриено што јаделе децата во праисторијата

Археологијата посветува многу време и напор за да утврди што јаделе нашите предци. А во таа смисла најмалку се знае за новороденчињата на пример што кога нивните мајки престанувале да дојат?

Науката знае многу малку за тоа што бебињата и малите деца јаделе во длабоката древност меѓу другото и поради тоа што детските гробови каде што на дното обично се наоѓаат остатоци од храна се поретки.

Тим германски археолози неодамна пронајде две детски гробници во близина на Берлин и Аугсбург во кои е најден прибор што веројатно се користел за чување храна за децата закопани таму.

Гробовите се од европското бронзено и железо доба што се протега од 1.200 до 450 година пред нашата ера. Анализата на садовите најдени на дното покажа дека тие содржат кравјо и овчо млеко.

Наодите посочуваат дека животинското млеко е првата храна што мајката им ја давала на децата кога престанувало доењето.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР