Судот на ЕУ го прифати приговорот од Хрватска за границата

Судот на Европската Унија во Луксембург се прогласи за ненадлежен во однос на словенечката тужба против Хрватска поради наводно повредување на европското право предизвикано од неспроведувањето на арбитражната одлука за границата.

Со оваа одлука судот го прифати хрватскиот приговор за ненадлежност и постапката автоматски запира.

Одлуките на Судот на ЕУ се конечни и без право на жалба.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ изјави дека пресудата на Судот на ЕУ за ненадлежност по однос на словенечката тужба претставува победа на хрватските аргументи изнесени во приговорот до таа институција.

Пленковиќ повторно ја повика Словенија на дијалог и билатерални преговори за да се дојде до заемно прифатливо и трајно решение за прашањето на границата.

Словенија почна постапка против Хрватска врз основа на членот 259 од договорот за функционирање на ЕУ и побара Судот на ЕУ да утврди дали Хрватска ги прекршува членовите 2 и 4 од договорот кои се однесуваат на почитување на владеење на правото и лојална соработка меѓу државите членки на Унијата.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР