Уапсен бугарскиот тајкун Васил Божков “вреден” 6.5 милијарди евра

Бугарскиот тајкун Васил Божков е уапсен во Обединетите Арапски Емирати изјави бугарскиот јавен обвинител Иван Гешев.

Тој додаде дека информаццијата за апсењето на Божков кого Бугарија го бара поради лажирање игри на среќа засега е неофицијална.

Пред неколку денови Обвинителството во Софија покрена истрага против Божков во врска со лажирање игри на среќа а тој е обвинет по седум точки за криминално дело.

Списанието „Впрост“ во 2008 година го прогласи бугарскиот олигарх и бизнисмен за најбогат Бугарин со богатство од 1.35 милијарди евра но неофицијално се претпоставува дека неговата финансиска состојба изнесува над 6.5 милијарди евра. Божков е познат по прекарот “Череп” а во внатрешната коресподенција на Стејт департментот е определен како “најозлогласениот криминалец во Бугарија”.

Во 1991 година Божков станува партнер во компанијата за игри на среќа Еј Џи Ем. Отвора казино во хотелот “Рила” во Софија а во 2007 година е сосопственик на казината во “Радисон САС” и “Хемус” како и на сали за бинго.

Во 2006 година тој го купува поранешниот Фонд за приватизација “Холдинг Патишта”. Главен акционер на “Холдинг Патишта” е “АБВ Инженеринг” кој пак е сопственост на “Нова интернал” ќеркa компанија на “Нова холдинг” сопственост на Божков. Преку “Нова холдинг” Божков купува голем дел од регионалните државни фирми за изградба на патишта.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР