Царовска: Јануарската пензија повисока за 722 денари

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска во заедничка прес конференција со директорот на Пензискиот фонд Шаип Зенељи и претседателката на здружението на пензионери Станка Трајкова го објавија покачувањето на пензиите во февруари месец за јануарска пензија.

Царовска истакна дека покачувањето е во износ од 722.00 денари и со истото се опфатени 324.000 пензионери.

Ова зголемување доаѓа по стабилизација на пензискиот систем кој се случуваше во изминатите 2 години но секако дека ова покачување се базира и на приходите на работоспособното население односно на покачувањето на минималната плата и просечната плата.

Со ова законско се утврди трето дополнително усогласување на пензиите на наштите пензионери во државава со зголемување од 5 проценти. – истакна Царовска.

Со ова добиваме рече Царовска просечната пензија да изнесува 15.500 денари или вкупно за две и пол години просечната пензија во нашата држава пораснала 1.746 денари.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР