Шкотска сака референдум за независност

Првата министерка на Шкотска Никола Старџен изјави дека се уште сака референдум за независност во текот на оваа година.

Во говор во Единбург таа призна дека тоа можеби нема се случи пред изборите во Парламентот на Шкотска закажани за следната година.

Старџен повторно инсистираше на тоа дека секој референдум “мора да биде легален и легитимен”. Обраќајќи се пред своите партиски членови само неколку часа пред Велика Британија да ја напушти ЕУ таа рече дека брегзит е “клучен момент” за Шкотска и Велика Британија оставајќи многу Шкоти да чувствуваат “вистинска и длабока тага” но со гнев .

Шеесет и два отсто од Шкотите гласаа на рефрендум во јуни 2016 година за останување во ЕУ додека 38 проценти беа против.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР