Ѓоковиќ по осми пат го освои Австралија опен

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ ја освои осмата титула на гренс лем турнирот Австралија опен откако во финалето беше подобар од Доминик Тим со 3 – 2 во сетови.

Мечот кој се играше повеќе од пет часа подобро го стартуваше Ѓоковиќ добивајќи го првиот сет со 6 – 4. Но Австриецот со два прилично лесно добиени сета успеа да го сврти резултатот во своја корист 6 – 4 и 6 – 2.

Сепак Србинот одигра најдобро кога беше најпотребно па четвертиот сет го доби со 6 – 3 а во решавачкиот дојде до брејк уште на стартот за голема победа на првиот грен слем сезонава.

Со овој триумф Србинот успеа да ја прекине серијата од три порази во дуелите против Тим и сега води во меѓусебните пресметки со 7 – 4. Ова е 17-ти грен слем титула за Ѓоковиќ со која се доближи на три до Роже Федерер и две од Рафаел Надал. 

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР