Зидан: Не бев среќен по првиот дел

Реал Мадрид го доби големото градско дерби денеска против Атлетико Мадрид со 1 : 0 a стрелец на голот беше Карим Бензема.

Иако бодовите завршија на контото на “кралевите” сепак Зидан препозна слабости во одредени сегменти од играта посебно во првиот дел.

Тој немаше проблем да каже по натпреварот дека тој е одговорен за она како одиграле неговите момци во првиот дел.

Не бев среќен со она што го видов на теренот во првиот дел но не беше вина на играчите тоа туку моја. Во вториот дел направив измени – тоа ни беше потребно за да почнеме да играме на друг начин – ги заменив Крос и Иско па имаше поголем интензитет но повторувам за првиот дел вината беше само моја. – истакна Зидан.

Реал Мадрид со оваа победа се одалечи на плус 6 поени во однос на Барселона.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР