Иран наскоро ќе лансира нов сателит

Иран наскоро ќе лансира во орбитата нов научен сателит за набљудување Зафар соопшти иранската Вселенска агенција.

Производството на Зафар започна пред три години со учество на 80 ирански научници. – изјави претседателот на агенцијата Мортез Берари кој не го кажа точниот датум на лансирање на сателитот.

Зафар што на персиски значи победа тежи 113 килограми и може да ја обиколи Земјата 15 пати на ден рече Берари додавајќи дека сателитот ќе биде во орбитата на околу 530 километри од нашата планета.

Мисијата на сателитот е да собира слики што научниците ќе ги користат за проучување на земјотреси и спречување природни непогоди, како и за развој на земјоделството.

Берари рече дека Иран до март 2021 година треба да заврши со производство на уште пет сателити.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР