Конор оди на победникот од Кабиб – Фергусон

Претседателот на УФЦ Дајна Вајт потврди дека Конор Мекгрегор ќе се бори против победникот од мечот со Кабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон.

Кабиб ќе го брани појасот во лесна категорија против Фергусон на 18-ти април во Бруклин а ако успешно го одбрани веројатно ќе биде приморан да прифати реванш со Конор.

Конор веројатно ќе се бори против победникот од мечот помеѓу Коби и Тони. – изјави Вајт а потоа зборуваше за потенцијален судир помеѓу Дагестанецот и Ирецот.

Тоа би било неверојатна броба. Не знам кој би победил но мора да му се оддаде признане на Кабиб. Никогаш не изгубил – страшен е – морате да одите до крајни граници против него. – порача Вајт.

Исто така Вајт најави дека таа борба би требало да се случи во септември оваа година.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР