Бакингемската палата објави фотографија на кралицата Елизабета Втора со нејзиниот син принцот Чарлс – внукот принц Вилијам и правнукот принц Џорџ. Ова е вторпат да се објави фотографија на кралицата и тројцата идни монарси.
Кралицата Елизабета Втора на фотографијата носи бел фустан и црна ташна. Принцот Чарлс и принцот Вилијам се во костуми додека принцот Џорџ е во бела кошула и зелени карирани панталони.
Фотографијата е направена од фотографот Раналд Мекешни во Бакингемската палата минатиот месец.
Тој ја направи и претходната фотографија од четири генерации на кралското семејство која беше објавена во април 2016 година за да го одбележи 90-тиот роденден на кралицата а подоцна беше преработена во специјални меморијални поштенски марки.
You must be logged in to post a comment Login