Нова историска вечер на Лилард

Ниту еден кошаркар во овој момент не е во подобра форма од Лилард кој шестти натпревар во низа доаѓа до неверојатни бројки. Негова најнова жртва е Јута Џез.

Лилард го предводеше Портланд до триумф од 124 – 107 постигнувајќи 51 поен и 12 асистенции додека од игра имаше 17 / 29 и погоди девет од 15 тројки. Ова беше петти натпревар оваа сезона кој го заврши со над 50 поени.

На последните шест средби Лилард има просек од 48.8 поени и 10.2 асистенции остварување кое до сега не му тргнало ниту еден кошаркар.

Во историјата на НБА лигата никој не успеал да има просек од 45 поени и 10 асистенции во период од шест меча во низа.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР