Русија воведе визи за кинеските туристи

На веб страницата на руската влада се наведува дека овие мерки се преземаат заради безбедноста во земјата и против ширењето на новиот коронавирус.

Претходно руското Министерство за одбрана испрати транспортни авиони за да ги евакуираат руските државјани од делот на Кина погоден со вирусот.

Руските власти во петокот објавија дека во Русија се регистрирани два случаи на новиот коронавирус кај кинески државјани.

Русија претходно оваа недела изјави дека ја затвора својата копнена граница со Кина долга 4.250 километри и дека ќе ја засили контролата на аеродромите.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР