Сасоли: Силна поддршка за датум за Албанија и Северна Македонија

Претседателот на Европскиот парламент Дејвид Сасоли на 3-ти и 4-ти овој месец ќе престојува во Албанија.

Пред неговата посета тој изјавил дека доаѓа во Албанија за да даде надеж за иднината по тешките месеци што ги поминала. Исто така ја потврдил и поддршката на ЕП за започнување преговори со Албанија и со Северна Македонија

Одам во Албанија за да ги охрабрам и да дадам надеж за иднината по неколкуте тешки месеци за земјата. Би сакал да ја потврдам силната поддршка на Европскиот парламент за започнување разговори за пристап со Албанија и Северна Македонија. И двете земји постигнаа голем напредок во согласност со нашите очекувања. – рекол Сасоли.

Додал дека почетокот на преговорите може да биде силен поттик за реформите што сè уште се потребни на патот кон членството во ЕУ.

Ние исто така ќе дадеме се од себе да ги убедиме земјите членки кои се уште имаа резерви за тоа на последниот состанок на Советот.

Ја охрабрувам Албанија да се фокусира на целокупната цел и да го искористи ова време за решавање на сите проблеми што се наметнати особено во врска со почитувањето на владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Овие реформи се во суштина за подобро на вашата земја и идните генерации. Дури и ако патот од време на време е тежок секој чекор не приближува до заедничката европска иднина која ќе ја збогати Албанија и ЕУ. – изјавил Сасоли.

За време на неговата посета планирани се средби со премиерот Еди Рама – претседателот на Парламентот Грамоз Ручи – шефот на државата Илир Мета – градоначалникот на Тирана Ерион Велиај и претседателот на опозициската демократска партија Љуљзим Баша.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР