Село со 80 жители е новиот географски центар на ЕУ

Германското село Гадхајм во кое живеат 80 жители од вчера први февруари после стапувањето на сила на Брегзит за излегување на Велика Британија од Европската унија е новиот географски центар на ЕУ.

Ова доаѓа откако синоќа на полноќ Велика Британија излезе од ЕУ па географскиот центар на Унијата се помести. Станува збор за село во Општината Вајтсхохеим во сојузната покраина Баварија.

Новата реалност тие ја очекуваат неколку месеци па на местото каде се наоѓа центарот поставиле и црвено бел метален столб во чија близина има и јарболи на кои се веат знамињата на ЕУ – Германија и на Вајтсхохеим.

Од една страна се разбира дека сум горд и среќен што стануваме нов географски центар на Европа. Од друга страна се разбира дека тоа е и тажна прилика затоа што доаѓа со напуштањето на Велика Британија. – изјавил Јирген Гете градоначалник на Општината Вајтсхохеим.

Честа селото Гадхајм да биде центар на ЕУ произлегува од пресметките на Националниот географски институт на Франција кој ги утврдил координатите. Така сега центарот е со координати 95 степени 54 минути 7 секунди источна должина (95° 54′ 07″ Е) и 49 степени 50 минути 35 секунди северна ширина (49° 50′ ’35″ Н).

Градоначалникот првично мислел дека станува збор за шега но потоа се уверил во тоа. Пресметките на францускиот институт првпат ги слушнал на локална радио станица неколку месеци по референдумот за Брегзит во 2016 година.

Жителите на селото пак одбројувајќи ги деновите до Брегзит се шегувале дека имаат доволно место да ги сместат бројните меѓународни инвестициски банки кои сакаат да го напуштат Лондон и да се преселат во новото средиште на ЕУ. Во своите пародични изјави за медиумите тие ја повикувале и Шкотска да не размислува за нов референдум за независност од Обединетото Кралство бидејќи ако тоа се случи и Шкотска одлучи да се приклучи на Унија тие ќе ја изгубат честа да бидат во центарот на ЕУ.

До вчера центарот на ЕУ се наоѓаше во Вестергранд уште една општина во Баварија. Растојанието помеѓу новиот и стариот центар е 56 километри.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР