Уште едно училиште со настава без мобилни телефони

Во основното училиште “Крсте Мисирков” во Куманово почна настава без мобилни телефони кои што според кодексот ќе треба да бидат оставани во надворешни џебови за таа намена на иницијатива на наставниците и родителитe.

Знаеме дека во денешното време телефоните се повеќе од потребни меѓутоа сведоци сме дека низ годините наназад  паметните (смарт) телефони беа максимално злоупотребувани за време на наставата.

Ние не забранивме носење на телефони во училиштето меѓутоа за време на часовите ги задолжуваме учениците и наставниците во интерес на наставата истите да ги остават во новопоставените остави за телефон. За време на одморите учениците можат слободно да си ги користат своите телефони. – изјави директорот на училиштето Александар Јовановиќ.

Од следниот месец во сите основни училишта во скопската општина Ѓорче Петров за време на наставата учениците и наставниците пред почетокот на часот ќе ги оставаат мобилните телфони во посебни џебови. Дел од џебовите се веќе изготвени а за секое дете ќе има посебен дел нумериран со број или симбол.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР