Филипче: Тестовите за коронавирусот ќе се испраќаат во Ниш

Во лабораторија во Ниш – Северна Македонија ќе ги испраќа тестирањата за тоа дали некој македонски државјанин или странец кој престојувал во нашата земја евентуално е заболен од смртоносниот коронавирус кој сее страв насекаде во светот.

Министерот за здравство Венко Филипче кажа дека анализите за проверка ќе се вршат во Србија се додека следната недела не пристигнат дијагностичките тестови кои се нарачани.

Епидемиолозите деновиве го очекува враќањето на група од македонски граѓани кои работат во Кина. По нивното пристигнување ќе биде проценето дали ќе има потреба да бидат третирани.

Филипче вели дека сме целосно подготвени да се справиме со можни заболени од корона вирусот иако лекарите засега како недостаток го наведуваат немањето реагенси за откривање на заболувањето.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР