305 починати и прв смртен случај надвор од Кина

Бројот на починати од коронавирусот се зголеми на 305 а регистриран е и првиот смртен случај надвор од Кина – на Филипините каде што почина кинески државјанин (44) од Вухан од тешко воспаление на белите дробови.

Појавата на вирусот е потврдена во повеќе од 25 земји во светот а бројот на заразени се зголеми на 14.300.

Голем број земји организираа авионски превоз за своите граѓани кои во моментов се наоѓаат во областите каде што се појави вирусот а се воведуваат и други превентивни мерки како што се двонеделен карантин и забрана за летови кон Кина.

Кинескиот премиер Ли Кечијанг ги повика производителите да го зголемат производството на медицинска опрема потребна за контрола на вирусот и предупреди дека продавниците не смеат да бидат затворани.

Најголем број починати и заразени има во провинцијата Хубеи и главниот град Вухан каде што се појави вирусот.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР