Ќе се реконструира коловозот за село Дихово

После подготовката на проектот од страна на Општина Битола за реализација на инфраструктурниот проект “Реконструкција на коловоз на локален пат за село Дихово” Општина Битола достави проектна апликација за добивање средства од Програмата за рамномерен регионален развој за 2020 година.

Реализацијата на овој проект е во насока на постигнување на стратешката цел и тоа развој на Пелагонија како конкурентна туристичка дестинација и промоција на регионалниот културен идентитет.

Потребните средства за реализација на проектот изнесуваат 5.697.913 денари.

Со инвестирањето во ваков проект Општина Битола преку подобрување на патната инфраструктура кон подпелистерските села а конкретно во овој проект – локалниот пат за село Дихово значително ќе се влијае кон подобрување на туристичката понуда – зголемување на бројот на странски и домашни туристи – заинтересирани за планинскиот – селскиот и авантуристичкиот туризам.

Проектната апликација за реализација на проектот за реконструкција на коловоз на локален пат за село Дихово е само еден од чекорите кои континуирано се преземаат во насока на подобрување на патната инфраструктура која е во многу лоша состојба а води до повеќе објекти категоризирани со легла за развој на селскиот и руралниот туризам.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР