Со капацитет да примат од 500 до 2000 лица во осум различни периферии во Грција грчката Влада планира да изгради 20 нови центри за бегалци и мигранти.
Станува збор за центри кои ќе функционираат на поразличен начин од веќе постоечките – ќе бидат за лицата кои имаат право на азил и ќе ја имаат карактеристиката на т.н. “контролирани” објекти.
На влезот на центрите ќе бидат поставени електронски рампи а секој од бегалците ќе има електронска карта со посебен баркод за влез и излез од објектот со цел да се избегне актуелната ситуација во која нема контрола кој влегува и излегува од камповите.
Пелопонез – Крит – централна и северна Грција – Епир се регионите што веројатно ќе се изградат новите центри.
Конкретниот план на владата ќе се разгледа на утрешниот состанок на министерот за миграција и азил Нотис Митарас – заменикот министер за одбрана и национален координатор за бегалското прашање Алкивиадис Стефанис и министерот за внатрешни работи Такис Теодорикакос а целта е конечните одлуки за 20-те нови центри да се донесат најдоцна до крајот на месецов.
Грчката влада веќе најави дека на островите сегашните кампови ќе се затворат а ќе изградат нови затворени центри.
You must be logged in to post a comment Login