Дуда ќе го разубедува Макрон за Северна Македонија

Полскиот претседател Анджеј Дуда ќе се обиде денеска во Варшава да го убеди францускиот претседател Емануел Макрон да го олесни неговиот скептичен став кон проширувањето на Европската унија за Западен Балкан и за почетокот на преговорите со Северна Македонија – соопштија од Кабинетот на полскиот претседател.

Шефот на кабинетот на полскиот претседател Кшиштоф Шчерски кој изјави дека “Полска ќе ги убедува француските партнери да ја остават вратата отворена за земјите што сакаат да влезат во ЕУ и во НАТО.”

Претседателот Дуда сака да разговара за причините за скептичниот став на францускиот претседател и можноста од него да отстапи. – изјави Шчерски за претстојните разговори за време на првата билатерална посета на францускиот претседател на Полска по седум години. – кажа Шчерски.

Тој потсети дека “еден ден подоцна – во вторник претседателот Дуда во Варшава ќе се сретне со претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски и ќе го пренесе исходот од разговорите со претседателот Макрон.”

Дводневната посета на Емануел Макрон на Полска која претставува обид за ублажување на односите меѓу Париз и Варшава особено по Брегзит ќе биде придружена од министрите за надворешни работи – одбрана – економија и култура а претседателите ќе потпишат програма за полско француска стратешка соработка за следните четири години.

Тоа е посета на тешко премерување и ова се крупни теми. Улогата на Париз – улогата на Варшава – улогата на Берлин и другите европски метрополи ќе биде клучна во водењето политика на нашиот континент и во глобалната политика. Особено што континентална Европа носи многу потежок товар – многу поголема одговорност по Брегзит. – кажа Шчерски.

Макрон и Дуда денеска ќе разговараат за безбедносните прашања односот на НАТО со Русија каде Полска за разлика од Франција не сака да се откаже од санкциите и зголемениот притисок врз Москва сe додека како што кажа полскиот министер за надворешни работи Јацек Чапутович не се врати на почитување на меѓународното право.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР