Компанијата “Епл” привремено ќе ги затвори продавниците и контакт центрите во Кина поради претпазливост од ширењето на коронавирусот. Продавниците ќе бидат затворени до 9-ти февруари.
Нашите мисли се со луѓе кои се погодени од коронавирусот и оние кои работат деноноќно за да се борат против неговото ширење. – се вели во соопштението на компанијата.
Интернет продавницата на компанијата ќе работи без проблеми. Кина е трет по големина пазар за “Епл” по САД и Европа како и локацијата каде се направени повеќето ајфони и други уреди.
You must be logged in to post a comment Login