Избран нов директор на СЗО за Европа

Извршниот одбор на Светската здравствена организација објави дека доктор Ханс Клуге белгиски државјанин ќе биде директор на СЗО за Европа во наредните пет години.

Тој ќе ја насочува меѓународната здравствена работа во 53 земји од европскиот регион на СЗО опслужувајќи 900 милиони луѓе се наведува во соопштението на Регионалната канцеларија на СЗО за Европа.

Заедно мораме да изградиме паневропска култура на здравје во која целта на здравјето и благосостојбата го насочуваат донесувањето на јавното и приватното одлучување и секој може да донесе здрава одлука. – вели д-р Клуге.

Според него секое дете – секоја жена и секој маж од нашиот убав и разноличен регион има право на здравје. Тој носи големо меѓународно искуство во медицинската пракса и јавното здравство на местото регионален директор со лекарско искуство во земјата на три континенти.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР