Македонска државјанка евакуирана од Вухан – ќе помине 14 дена во карантин во Франција

Македонска државјанка е евакуирана од кинескиот град Вухан. Од Министерството за надворешни работи соопштија дека транспортот е извршен со посредство на амбасадите на Република Северна Македонија во Пекинг и Париз.

Нејзината здравствена состојба е добра не постојат симптоми на коронавирусот но ќе биде во карантин 14 дена.

Постапката на евакуацијата беше спроведена преку приклучување кон Програмата за евакуација на Франција која за оваа намена организираше специјален лет кој што слета во воена база на југот во Франција.

Пред да го продолжат патот до своите матични држави патниците ќе бидат евакуирани во помал град на југот на Франција каде ќе подлежат на задолжителен карантин во траење од 14 дена што е воспоставен протокол за евакуација на сите патници од Вухан. – велат од Министерството за надворешни работи.

Од градот Вухан каде се појави коронавирусот се врши масовна евакуација на странски државјани преку специјални летови од различни земји. По евакуацијата лицата две недели се задржуваат во карантин.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР