Македонски културно информативен центар во Тирана

Албанскиот парламент на денешната попладневна седница ја ратификува Спогодбата за отворање Македонски културно информативен центар во Тирана.

На седницата за значењето на центрите кои ќе се отворат во Тирана и во Скопје зборуваше Васил Стерјовски пратеник од партијата Македонска алијанса за европска интеграција кој од име на партијата и од сите Македонци во Албанија ја изнесе целосната поддршка за отворање вакви центри.

Отворањето на овие културно-информативни центри во Тирана и Скопје ќе ги интензивира културните односи меѓу двете земји ќе го зајакне понатамошниот развој на односите меѓу Албанија и Северна Македонија – ќе се развие и зајакне меѓукултурната соработка и ќе се создадат услови за уметници од двете држави да ја претстават својата работа во двете држави. – рече Стерјовски.

Додаде дека овие културно информативни центри ќе ја шират и презентираат албанската култура во Северна Македонија и македонската култура во Албанија преку организирање разни настани – изложби – литературни и научни предавања – филмски проекции – промоција во медиумите и обезбедување информативни услуги за заинтересираните граѓани на двете страни.

Интересот на нашата земја е да ги интензивира добрососедските односи со Северна Македонија на реципрочна основа во политики – економски и културен план како и во областа на заштитата на албанската заедница во Северна Македонија и македонската заедница во Албанија.

Македонците во Албанија и Албанците во Северна Македонија се мост на соработка и братство во албанско македонските односи врз основните принципи на меѓународното право засновано на еднаква сувереност. – посочи Стерјовски.

Нагласи дека двете држави заедно се движат по европскиот пат и оти голема е надежта дека во март оваа година ќе започнат преговори за членство во ЕУ.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР