Новата методологија не треба да го комплицира проширувањето на ЕУ

Методологија за преговори на ЕУ не треба да го комплицира процесот за проширување туку да му даде динамика.

Ова е ставот на Италија која смета дека новата методологија може да се одвива паралелно со реформите на ЕУ. Италијанскиот амбасадор во Македонија Карло Ромео вели дека новата методологија не смее да биде нов услов за старт на преговорите со Северна Македонија и со Албанија.

Идеите во нон пејпер на Италија што е придонес во дебатата се засноваат на еден услов. Прифаќаме дијалог и ќе учествуваме во преговорите но не сакаме оваа дебата за новиот механизам да се престори во нов услов а особено не треба повторно да го одложи отворањето на преговорите со Северна Македонија и Албанија. – вели Ромео.

Според италијанскиот амбасадор во моментов нема иницијатива полноправното члнество во Европската унија за двете земји да се замени со некаква алтернатива на тоа.

Ромео го повтори и ставот на Италија дека историската грешка на недавањето датум во октомври за Северна Македонија и Албанија мора што поскоро да се исправи уште во март. Сепак до тогаш вели Ромео мора интензивно да се продолжи со реформите во земјава пред се во владеењето на правото – независност на судството – со сериозна и конкретна борба против корупцијата и организираниот криминал

Носењето на Законот за јавно обвинителство ќе биде важно пред распуштањето на Собранието. Тоа ќе биде важно и ќе биде многу добра порака и сигнал до Брисел и земјите членки на ЕУ но според наше уверување тоа не е нов предуслов за отворање преговори со ЕУ. – изјави амбасадорот на Италија во земјава.

Во контекст на испраќање позитивни сигнали до Брисел Ромео ги смета и претстојните парламентарни избори кои доколку се добро организирани и бидат фер транспарентни и демократски ќе биде добра порака до земјите членки на Унијата.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР