Пендаровски во официјална посета на Полска

Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски утре ќе престојува во официјална посета на Република Полска.

Во Варшава Пендаровски со највисоки државни и воени почести како што е најавено ќе биде примен од претседателот на Република Полска Анджеј Дуда а ќе оствари и билатерални средби со маршалот на Сејмот – Елжбијета Витек и со Маршалот на Сенатот – Томаж Гроцки.

Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средба со истакнати слависти и македонисти кои живеат и работат во Полска.

За време на официјалната посета на Република Полска претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР