Река министер за евроинтеграции во косовската влада

Македонскиот државјанин Блерим Река кој беше и кандидат за претседател на земјава поддржан од Алијанса за Албанците и БЕСА на изборите кои се оддржаа пролетоска [ 21 април и 5 мај 2019 година ] ќе биде министер за евро интеграции во новата влада на Косово.

Гласањето во парламентот за новата влада која ќе ја предводи претседателот на Движењето Самоопределување Албин Курти е закажана за денес во 11 часот.

Владата на Курти ќе брои 15 министри и 33 заменици министри што е големо намалување во однос на претходната влада која имаше 23 министри и околу 80 заменици министри.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР