Сандерс и Бајден можни противкандидати на Трамп

Со партиски собранија на американските демократи во државата Ајова почнува процесот на определување кандидат за претседател на американската Демократска партија за претседателските избори во ноември.

За време на процесот за определување кандидат на демократите има два начини на гласање на партиски собранија и на првични избори.

Партиски собранија се организираат во релативно помалку држави. Во овој вид собранија членовите на една партија генерално се собираат на различни места во државата како што се сали – училишта и слично за да слушнат аргументи за поддршка на секој кандидат пред јавно да го објават својот избор.

Првичните избори се претпочитана форма во повеќето држави каде се гласа на традиционален начин – тајно гласање.

За време на фазата на партиските собранија и првичните кандидати за претседателска номинација добиваат делегати кои гласаат за нив на партиски конгрес. Во сите држави кандидатите кои добиле над 15 осто од гласовите добиваат таков број делегати кои е пропорционален на нивниот резултат од гласањето. Делегатите кои се определуваат на партиските собранија и на првичните избори се решавачки фактор во добивање партиска номинација за изборите.

Во случајот со демократите тие ќе имаат партиски конгрес во јули. На него официјално ќе се гласа кој демократ ќе му се спротистави на републиканецот Доналод трамп.

За време на фазата на партиските собранија и првичните избори кандидатите во зависност од резултатиоте добиваат вкупно 3.979 делегати. Бројот на делегати кои ги има даден кандидат е решавачки бидејќи кандидатот кои добил мнозинство или најмалку 1.991 делегат ќе биде номинира на конгресот.

Меѓутоа ако ниту еден од кандидатите не освои мнозинство при гласањето во првиот круг на конгресот 770 други делегати наречени супер делегати ќе ја преземат должноста. Ова се народни избраници и истакнати личности на партијата кои се слободни да гласаат за кого сакаат од кандидатите. Во 2016 година приврзаниците на Берни Сандерс ја обвинија партијата дека ја фаворизира според нив кандидатката Хилари Клинтон затоа што таа добила поддршка од повеќето супер делегати.

По Ајова денес гласањето ќе има во февруари во Њу Хемпшир 11 февруари – Невада 22 февруари и Јужна Каролина 29 февруари. Потоа ќе има лавина од гласања на т.н. Супервторник на 3 март каде ќе се гласа истовремено во 15 држави и територии. Промената е во тоа што Калифорнија која е “богата со делегати” и гласа подоцна овој пат го пренесе гласањето во Супервторник. По тој датум ќе бидат распределени 40 проценти од делегатите со што ќе се разјаснат прашањата околу трката. По 28 април ќе бидат распределени 90 проценти од делегатите.

Конгресот на Демократската партија ќе биде во Милвоки – Висконсин од 13 јули до 16 јули. Предвидени се три дебати меѓу кандидатот за демократите и Доналд Трамп – на 29 септември – 15 октомври и 22 октомври.

Изборите се на 3 ноември. Претседателот на САД се избира со индиректно гласање на 538 члена на изборен колегиум.

Најголем интерес покажуваат Џо Бајден – Берни Сандерс – Елизабет Ворен – Пит Бутиџиџ – Ендру Јанг – Мајкл Блумберг и Ејми Клоубашар. Блумберг одлучи да ги прескокне првите четири гласања  и да се пријави директно на Супервторникот

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР