Симпсонови пред 27 години го предвиделе Коронавирусот

Фановите на Симпсонови веруваат дека долгогодишната анимирана серија го предупредила светот за коронавирусот уште пред повеќе од 2 децении.

Како доказ ја наведуваат епизодата од 1993 година во која се работи за вирус наречен Осака Флу кој се шири низ Спрингфилд откако жителите нарачале блендери од Јапонија.

Во епизодата еден од работниците кој ги пакувал блендерите во кутии во Јапонија се разболел и случајно го пратил вирусот во САД. “Ве молам немојте да му кажете на мојот надзорник дека имам грип”. – кажал тој пред да се искашла во кутијата. Потоа откако блендерите стигнале во Спрингфилд повеќето жители се разболеле.

Иако вирусот дошол од Јапонија наместо од кинескиот град Вухан фановите на Симпсонови го “запалија” Твитер со реакции. “Симпсонови повторно успеаа е само еден од коментарите за серијата која често има точни пророштва.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР