Франција најави повлекување на блокадата на преговорите

Франција може да се повлече од блокирањето на Северна Македонија и Албанија. Ова во интервју за германскиот весник “Франкфуртер алгемане цајтунг” го кажал советникот на францускиот претседател Макрон за европски прашања Климон Боне а кој го пренесоа регионалните медиуми.

Откако Британија ја напуштила Европската унија Франција сака да го сврти својот фокус кон Исток. По Брегзит поважно е од било кога да се надминат разликите внатре во ЕУ и да се фокусираме на она што не обединува. – вели Боне во интервјуто.

Советникот на Макрон притоа смета дека Северна Македонија и на Албанија не треба да имаат различен третман додавајќи дека тоа би било спротивно на француските напори да ја зајакнат стабилноста во регионот.

Порака пак дека Македонија и Албанија заслужуваат почеток на преговори со ЕУ денеска упати и претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли од посетата на Тирана.

Се случи еден застој пред крајот на годината но процесот на пристапување треба да започне. Парламентот – Европската комисија и многу земји членки се убедени. Јас сум убеден дека е само едно задоцнување. – изјави меѓу другото Сасоли.

Сасоли притоа потенцираше дека мора да се убедат сите да започнат преговорите.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР