Вашата мачка мисли дека сте и родител

Наспроти верувањето дека мачките всушност не можат силно да се приврзат со нивните сопственици како другите миленичиња една студија открила дека мачките имаат социјално когнитивни способности и слично како и бебињата може да ве сметаат за нивни родители и да создадат чувство на приврзаност.

Повеќето мачки имаат социјални потреби.

Тие може да се дружат со другите животни и да соработуваат со нив. Може дури и да почувствуваат загуба. Мачките исто така се обидуваат да се дружат и да создадат врски со луѓето. Всушност некои експерти велат дека мачките мислат дека и ние сме мачки. Поголеми од нив но сепак мачки. Тие на нас гледаат како на семејство.

Вашата мачка сака да биде блиска со вас. Таа се обидува да биде вклучена во она што го правите и да создаде чувство за приврзаност. Откако ќе создаде некој вид приврзаност со вас таа се обидува да ја одржи приврзаноста со текот на времето. Ваквото однесување кон сопственикот е уште поприсутно за време на зрелоста што значи дека вашата мачка ве гледа како нејзина примарна грижа.

Според еден тест ако сте во просторија со мачка и ја оставите на само 2 минути таа ќе започне да чувствува стрес и несигурност. Мачките кои се чувствуваат несигурно сакаат да трчаат и да се кријат. Нивното ниво на стрес ќе се намали откако ќе се вратите и повторно ќе бидете со нив.

Мачките имаат капацитет да прават разлика меѓу безбедноста и несигурноста кон луѓето. Според истражувањата голем процент на мачки се чувствуваат побезбедно кога се покрај нивните сопственици. Поголемиот дел од мачките ги избираат своите сопственици како прв извор на безбедност исто како што прават децата со нивните родители.

Иако можеби не е толку очигледно вашата мачка навистина се грижи за вас. Постојат различни начини на кои таа може да ви покаже љубов. На пример: преку предење – трепкање – милување со главата – покажување на стомакот. Кога мачките се галат со нивните сопственици тие се чувствуваат многу опуштени и сакаат да покажат дека ви веруваат – како на родител.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР