Домот на Ексобар стана луксузен хотел

Домот на Пабло Ескобар најбогатиот и најуспешен криминалец во историјата стана луксузен хотел. За ова биле издвоени 17.5 милиони долари.

Туристичкиот комплекс е направен на имотот на нарко босот кој се наоѓа на самата плажа во Тулум. Оваа локација се смета за најпопуларна туристичка дестинација на полустровот Јукатан.

Всушност само дел од вилата на Пабло Ескобар е купен и тоа Каса Малка за 17.5 милиони долари додека за вложување и средување се издвоени уште 100 милиони.

Луксузниот комплекс ќе има само 42 единици за сместување но секако пространи и совршено уредени. Хотелот иако се наоѓа на плажа има и два базени. Во комплексот се наоѓаат и два ресторани и низа продавници на познати марки.

Иако не сметаат сите дека врската на овој објект со бруталниот Ескобар е добра за работата токму тоа и придонело многу личности да се интересираат за Тулум а со самото тоа и многу туристи имаат желба да го посетат ова место.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР