Има 97 години од кои 49 е градоначалник

Најстариот француски градоначалник Марсел Бертом на возраст од 97 години најави дека ќе влезе во битка за нов мандат за прв човек на гратчето Саинт Сурин сур Л’исле.

Батром на функција која ја извршува од 1971 година или градоначалник е “скромни” 49 години.

Има уште многу работи кои треба да ги направам. Пред мене стојат нови предизвици. – додаде градоначалникот кој нов мандат ќе бара на изборите во март.

Во 2014 година тој беше избран за градоначалник без противкандидат но на годинашните избори најавени се двајца припадници на неговото лево политичко крило кои ќе се кандидираат наспроти Бертом.

Тој смета дека годините не се пресудни за раководењето со гратчето со 3.160 жители.

Може да сте извонреден човек со 98 години а некои со 20 години може да се будали. – порача Бертом.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР