Коснет прв гостин на Османи – портретот на Тачи отстранет

Новата претседателка на косовското Собрание Вјоса Османи го прими во официјална посета амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово Филип Коснет.

Амбасадорот Коснет е првиот официјален гостин на Османи откако таа вчера беше избрана за претседателка на законодавниот дом.

Сепак Османи направила измени па се забележува дека на својот прв работен ден на новата функција таа ја отстрани од својот кабинет фотографијата на актуелниот претседател Хашим Тачи и истата ја замени со фотографија на првиот претседател на независно Косово Ибрахим Ругова.

Самата Османи синоќа по преземањето на должноста порача дека во нејзиниот политички ангажман имала само една референца – покојниот претседател Ругова кого косовските Албанци го нарекуваат историски претседател на Републиката.

Во целиот мој политички ангажман веќе речиси две децении од една работа никогаш не се повлеков – почитта кон вашата волја. Целиот мој живот имам само една референца – доктор Ибрахим Ругова. Никогаш без оглед на пречките на патот не престанав да работам на тоа волјата на граѓаните на нашата Република да заживее. – истакна Османи.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР