Над 20.000 заразени од корона вирусот а во Кина веќе починаа 425 лица

Кинеските здравствени власти ги издадоа најновите податоците за бројот на заразени и починати од корона вирусот од градот Вухан од што се дознава дека во последните 24 часа се откриени 3.235 нови случаи.

Со нив вкупниот број на заразени веќе надмина 20.000 или заразени се точно 20.400 лица.

Потврдена е и смртта на уште 64 пациенти кои го добиле вирусот и како резултат на тоа развиле болест. Сите се од најсилно зафатената провинција Хубеи каде досега починале 414 лица. Со тоа вкупниот број на починати во Кина се зголеми на речиси 425 лица.

Ватикан во Кина испратил стотици илјади медицински маски, како помош во борбата со епидемијата од корона вирусот. Ватикан на својот официјален сјат објави дека маските се спакувани во вреќички од по 10 парчиња и се со ознаката на папата Франциск а се упатени во кинеските провинции Хубеи – Ѓенѓијанг и Фуџијанг.

Патата Франциск претходно ја поздрави “големата посветеност” на Кина во борбата против корона вирусот и рече дека се моли за умрените – болните и семејствата на жртвите.

Британските медиуми потсетуваат дека повеќедецениските заладени односи меѓу Ватикан и Пекинг се поправија од септември 2018 година кога беше потпишан договорот за начинот на избор на католички бускупи во Кина.

Кина претходно соопшти дека и се неопходни медицински маски – заштитни одела и очила.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР