Фудбалерите на Наполи ја победија екипата на Сампдорија со 4 : 2 во рамки на 22-рото коло и така го потврдија големиот триумф кој го остварија против Јувентус.
Елмас во стартниот состав на наполитанците во листата на стрелци се впиша во 16-тата минута по асистенција на Ди Лоренцо.
Долгоочекуваниот погодок го прослави со многу емоции кои не можеше да ги исконтролира, па се расплака во прегратките на соиграчите.
Наполи е на 10 место на табелата во Серија А со 30 бода додека пак Сампдорија има 10 поени помалку и се наоѓа на 16-тата позиција.
You must be logged in to post a comment Login