Направивме грешки во контролирањето на коронавирусот

Раководството на кинеската Комунистичка партија призна дека имало пропусти во работата на службите при откривање и контрола на коронавирусот во Вухан.

Политбирото повика на “подобрување на националниот систем на здравствена заштита” откако според највисокиот орган во Кина се покажале “слабостите и тешкотиите при реакцијата на сегашната епидемија”.

Самокритиката уследи откако официјален Пекинг ги критикуваше странските земји особено САД за предизвикување непотребна паника – стопирање летови кон Кина и наметнување други ограничувања и предупредувања.

Но во изјавата за грешките Политбирото забележува дека “треба да се направи повеќе за да се следат пазарите и да се дејствува против нелегалната трговија со диви животни”. Од Политбирото исто така велат дека не треба земјата да се соочува со ситуација на недостиг на хируршки маски и друга заштитна облека како што е случајот сега.

Локалните власти во провинциите со население од над 300 милиони луѓе вклучувајќи ја и најнаселената провинција во Кина Гуангдонг неодамна им наредија на сите граѓани да носат заштитни маски на јавни места.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР