Од 899 дена во Барселона 350 дена е на боледување

Усман Дембеле дојде во Барселона летото 2017 година како замена за Нејмар а и сумата која Барса ја плати за него беше слична на онаа која ја доби за Бразилецот или 125 милиони евра.

Две и пол години подоцна Дембеле ја чини Барселона над 150 милиони евра а врати со само 74 настапи на кои имаше 19 голови околу 17 асистенции и 10 повреди само во минатата година.

Франческ Гарига новинар на каталонското радио откако ја објави вчерашната последна повреда на Дембеле заработена на својата прва тренинг сесија откако се рехабилитираше од повредата на предната ложа во ноември и беше надвор од терените два месеци, пресмета дека Французинот во Барселона е точно 889 дена од кои 350 ги помина на боледување.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР