Османи прва жена претседател на Собранието на Косово

Потпретседателката на Демократскиот сојуз на Косово и носителка на листата на таа партија на октомвриските парламентарни избори е избрана за претседателка на Собранието на Косово откако досегашниот спикер Глаук Коњуфца од Движењето Самоопределување претходно беше избран за министер за надворешни работи во новата косовска Влада предводена од Албин Курти.

Во продолжение на седницата на Собранието на која се избра новата Влада која ќе ја предводи премиерот Курти 65-те пратеници присутни во собраниската сала едногласно ја избраа Османи за нова претседателка на законодавниот дом.

Иако членка на ЛДК Османи за челната позиција во Собранието беше предложена од пратеничката на коалиционата ВВ Фатмире Муљхаџа Колчаку.

Функцијата на парламентарен спикер беше главната причина за одолговлекување на договорот за коалиција меѓу ВВ како партија победничка и ЛДК како второрангирана на изборите одржани на 6 октомври. Конечната согласност за формирање заедничка влада беше постигната завчера а официјализирана вчера со потпишувањето на договорот од страна на лидерите на двете партии Албин Курти и Иса Мустафа.

Во обраќањето по гласањето за нејзиниот избор Османи порача дека граѓаните на Косово имаат големи очекувања од новата Влада која беше изгласана.

Нашите и очекувањата на граѓаните се мошне големи и се надевам дека Владата на Курти ќе не направи горди. Верувам дека во текот на овој мандат ќе му го вратиме достоинството на Собранието на Косово ќе имаме опозиција која ќе изрази подготвеност за соработка меѓутоа жал ми е што тие вечерва не се тука.

Се надевам дека во наредните четири години слободната дебата коректниот јазик едни кон други ќе бидат пример кој ќе го покажеме пред граѓаните на Косово. – изјави Османи.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР