Партиски средби за законот за ЈО

Во текот на денов ќе продолжат билатерални средби со претставниците на пратеничките групи на кои се разгледуваат нивните амандмани за законот за јавно обвинителство.

Оваа информација ја потврдија и од Министерството за правда од каде информираат дека целта на тие средби е обезбедување консензус и двотретинско мнозинство.

Законот за јавно обвинителство бил тема и на сребата на групата независни пратеници од ВМРО ДПМНЕ со амбасадорката на САД Кејт Мари Брнс.

Одржав продуктивна средба со групата независни пратеници за важноста од поддршката на континуираните реформи вклучувајќи го и законот за јавното обвинителство кој ги унапредува целите за владеење на правото – транспарентност – одговорност и добро владеење. – напиша на својот Твитер профил Брнс.

По последната средба на работната група во петокот некои пратенички групи викендов доставиле амандмани за законот за јавно обвинителство а некои замолиле за дополнително време за да ги формулираат заради обврските што ги имаа со Жан Моне дијалогот.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР