Решени 8.500 предмети за помош и нега

Новите комисии за помош и нега од друго лице кои се формирани во рамки на јавните установи за здравствена заштита функционираат непречено и досега се решени 8.500 предмети. – информира владината прес служба.

Министерството за труд и социјална политика со новиот Закон за социјална заштита ја укина Комисијата која одлучуваше во прв степен за правото за помош и нега од друго лице. Таа беше нефункционална и времето на решавање на предметите беше 3 до 4 месеци.

За да се скрати времето на решавање и да се подобри квалитетот и стручноста во решавањето на предметите со новиот Закон за социјална заштита потребата за помош и нега од друго лице ја утврдуваат стручни комисии формирани во јавни здравствени установи. – се вели во заедничното соопштение од министерот за здравство Венко Филипче и дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ.

Формирани се 15 комисии од кои пет во Скопје во состав од тројца доктори специјалисти или супспецијалисти од следниве области: интерна медицина – неврологија – психијатрија – физикална медицина и рехабилитација – ортопедија или офталмологија како и дека комисиите ги решија предметите во рокот што им беше даден за постапување 1 февруари.

Приоритет на Владата се вели во соопштението е интересот на граѓаните и во иднина ќе овозможиме непречено остварување на правата од социјална заштита и обезбедување квалитетни социјални услуги. 

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР