Полицијата во Словенија почна предупредувачки штрајк заради што дојде до забавување на сообраќајот пред се на граничните премини.
Штрајкот според најавата ќе трае од 8 до 12 часот а заради него се формираа колони од камиони на граничните премини Брегана – Обрежје и Грушковје – Мацељ каде се чека повеќе од два часа.
Засилено е излегувањето на товарните возила на граничниот премин Брегана а колоната е долга околу три километри. – наведе Авто мото сојузот на Хрватска.
Полицијата почна штрајк заради како што наведува неисполнетите ветувања на владата за зголемување на платите и другите услови меѓу кои и за платената работа во трета смена.
You must be logged in to post a comment Login