Спасовски: Избори ќе има но и одложувањето е опција

Јас очекувам дека ќе има избори на 12-ти април. Ова не е прва и изјава и став на прашањето поврзано со изборите а се однесува на носењето на законските решенија коишто пред се значат напредок на државата а со тоа и остварувањето на нашите национални интереси.

Тука е носењето на законот за јавно обвинителство – законот за одбрана којшто е така многу значаен не само за патот кон НАТО Алијансата туку значаен генерално за положбата на Армијата – на луѓето во Армијата. – истакна премиерот Оливер Спасовски коментирајќи ја изјавата на претседателот на СДСМ Зоран Заев дека доколку нема закон за ЈО нема распуштање на Собранието.

Спасовски дециден дека доколку се одложат изборите истите ќе се одржат по месец или два

Ние можеме да се расправаме – да дебатираме за теми кои што се чиста политика партиите се тука да се натпреваруваат и впрочем сега е изборен процес во којшто ќе мора да ги спротивстават и концептите и програмите итн.

Меѓутоа за овие прашања мислам дека треба да има минимум консензус.

Јас очекувам дека сепак и политичките субјекти а со тоа и пратениците во Собранието ќе бидат навистина на висината на сопствената одговорност која што ја имаат и спрема граѓаните и спрема државата генерално дека низ еден дијалог ќе може да се постигне консензус во однос на носењето на овие законски решенија. – рече Спасовски.

Премиерот нагласи дека очекува пратениците да ја преземат одговорноста за иднината на граѓаните а не како што рече да одлучуваат од интересите на некоја политичка партија.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР