Фати околу споредбата со Меси – “Тоа е смешно”

Младиот Ансу Фати повторно воодушеви откако на мечот против Леванте кој Барселона го доби со 2 : 1 беше стрелец на двата гола за својот тим.

Голем дел од медиумите почнаа да го споредуваат младиот фудбалер со Лионел Меси.

Секогаш сонував за вакви моменти. Му благодарам на тренерот за шансата што ми ја даде. Немојте да ме споредувате со Меси. Тоа е смешно. Доволно сум во Барселона да знам што се може. Му благодарам на асистенциите а јас ќе продолжам да работам. – изјави Фати.

Барселона во моментов се наоѓа на втората позиција на табелата во Ла лига со три бода негатива зад првопласираниот Реал Мадрид.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР