Фудбалскиот тим од “Miami Edison High School” ќе ужива во игрите на новиот одржлив фудбалски терен. Тоа задоволство им е овозможено од страна на компанијата за спортска опрема “Адидас” која го изгради теренот со употреба на 1.8 милиони пластични шишиња.
Станува збор зa апластичен отпад изваден од блиските плажи – островите и од самиот океан. Освен неспорните еколошки предности теренот се одликува со извонредни перформанси поволни за играчите но и за нивната заштита при пад или лизгање.
Ние веруваме дека низ спортот имаме моќ да ги менуваме нашите животи а овој терен е демонстрација на нашата акција во оставрувањето на тоа верување. – изјави директорот на компанијата “Адидас” за Северна Америка.
Со овој потег се испраќа силна порака на спортистите кои ќе го користат овој терен.
You must be logged in to post a comment Login