Белград ќе добие гробишта за миленичиња

Белградските власти најавија дека во септември ќе распишат тендер за изградба на гробишта за домашни миленичиња.

Во овој момент Сообраќајниот институт ЦИП ги проектира гробиштата за домашни миленичиња во Блок 51 во Нов Белград. Градежната дозвола се очекува во септември оваа година. – соопшти Градската управа.

Заменик градоначалникот на Белград Горан Весиќ очекува дека тогаш ќе биде распишан тендер за избор на изведувач кој ќе ги гради гробиштата.

Тендерот ќе ја опфати првата фаза од уредувањето на комплексот во рамките на кој ќе градиме сообраќајница – пешачка патека – зелена површина – паркинзи – комунална инфраструктура и административен објект. – наведува Васиќ.

Според информациите во комплексот е предвидена можност за погребување домашни миленичиња на повеќе начини а просторот ќе биде усогласен со постојното зеленило.

Просторот за погребување ќе се состои од плоштад за испраќање, парцела за гробови во низа и простор за заедничко погребување.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР