Бутиџиџ води во Ајова пред Сандерс и Ворен

По фијаското на завчерашните избори во Ајова Демократската партија денеска обави делумни резултати кои покажуваат дека Пит Бутиџиџ е во тесно водство покажуваат резултатите кои веќе втор ден се обработуваат.

Од 71 процент обработени места Бутиџиџ води со 26.8 проценти пред Берни Сандерс со 25.2 и Елизабет Ворен со 18.4.

Поранешниот потпретседател Џо Бајден е на четвртото место со 15.4 а по него доаѓа Ејми Клобучар со 12.6. Останатите тројца кандидати се околу 1 процент.

Резултатите се се уште некомплетни и поради тоа Демократската партија за сега се воздржува со објавувањето на победникот.

Фијаското со пребројувањето на гласовите предизвика повици во американската јавност Ајова која е горда на својот статус како првата држава која гласа да го загуби тој статус.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР