Во Турција загинаа 21 лице а 15 се заробени од снежна лавина

Дваесет и едно лице загинаа при лавина во источна Турција изјави Мехмет Емин Билнез гувернер на источната провинција Ван.

Меки Арвас началник на округот во источната провинција Ван изјави дека 300 луѓе ги спасувале затрупаните со снег по лавината што ја зафати областа кога се случи уште еден снежен одрон.

Арвас додаде дека 15 лица се уште се затрупани под снегот. Министерството за внатрешни работи соопшти дека 30 луѓе се спасени.

You must be logged in to post a comment Login

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР